Што е специфично кај деловните недвижности?
Вредноста на деловен простор зависи не само од квадратурата, туку и од неговата намена и способноста да одговори на потребите на пазарот. Кај локал може да биде пресудна видливоста и фреквенцијата, кај канцеларија пристапот и деловното опкружување, а кај магацин пристапот за товарни возила, висината и функционалноста.
Во зависност од имотот и достапните податоци може да се анализираат пазарни споредби, трошоци и економски карактеристики. Секој случај се разгледува според конкретната намена на процената.
Најчести видови
- канцелариски простори
- локали и продажни простори
- магацини и производствени простории
- угостителски и услужни објекти
- други комерцијални недвижности
За што се користи процената?
Проценката може да биде потребна за обезбедување кредит, купопродажба, инвестициона анализа, евиденција на фирмен имот, поделба на имот, осигурување или други деловни и правни постапки.
