Што опфаќа процената на недвижен имот?
Проценката на недвижен имот е стручно мислење за вредноста на конкретна недвижност на определен датум и за определена намена. При анализата се разгледуваат правната документација, локацијата, површината, функционалноста, состојбата, пристапот, инфраструктурата, околината и релевантните пазарни податоци.
Процена Про-МВ изработува проценки и процени за станови, куќи, канцеларии, деловни простори, локали, магацини, индустриски објекти, градежно и земјоделско земјиште и други видови недвижности. Методот на процена се избира според видот на имотот, достапните информации и намената на извештајот.
Кога најчесто е потребна?
- станбен или хипотекарен кредит
- купопродажба и утврдување реална пазарна вредност
- наследство, делба или имотно-правна постапка
- деловно планирање и евиденција на имот
- осигурување, инвестиција или друга финансиска потреба
Што е потребно за почеток?
Најчесто се започнува со имотен лист или друг документ за сопственост, основни катастарски податоци и информации за недвижноста. Кога е потребно, се организира увид на лице место и се прибираат дополнителни податоци. Погледнете ја и страницата документација за процена.
