Што ја определува вредноста на земјиштето?
Кај земјиштето локацијата е важна, но не е единствениот фактор. Се анализираат површината и формата на парцелата, пристапот до јавен пат, инфраструктурата, намената, урбанистичките услови кога се достапни, конфигурацијата на теренот и пазарните податоци за споредливи парцели.
Две блиски парцели може да имаат различна вредност ако се разликуваат по пристап, можност за градба, инфраструктура или функционалност. Затоа процената се врзува за конкретната парцела и нејзината документација.
Видови земјиште
- градежно земјиште
- земјиште поврзано со станбен или деловен објект
- земјоделско и друго земјиште, кога е во рамки на надлежноста и намената на процената
Што да доставите?
Проценка на земјиште, плац или парцела може да се бара при продажба, наследство, поделба на имот, осигурување, кредитирање или за потреби на институции. Најчесто се потребни имотен лист, број на катастарска парцела, катастарска општина и основни информации за пристапот и намената. Ако имате скица, план или друга релевантна документација, може да ја приложите преку формата.
