Што се анализира кај индустриски машини?
За секоја машина се разгледуваат идентификацијата, техничките спецификации, капацитетот, работните часови, одржувањето, состојбата и можноста за понатамошна употреба. Кога е релевантно се анализираат и пазарни споредби.
Кога најчесто е потребна?
- евиденција и финансиско известување
- купопродажба
- кредитирање и обезбедување
- осигурување и други деловни потреби
Што да доставите?
Испратете ги основните податоци, достапната документација и фотографии. Кога е потребно, се организира увид и се прибираат дополнителни информации за точна проценка.
