Што опфаќа проценката на алати и уреди?
Проценката ги опфаќа видот, намената, производителот, моделот, техничките податоци, состојбата, комплетноста, можноста за понатамошна употреба и споредливите пазарни цени.
Кога најчесто е потребна?
- купопродажба
- евиденција на фирмен имот
- осигурување
- финансиски и правни потреби
Што да доставите?
Испратете список со алати и уреди, основни технички податоци, состојба и фотографии. Кога е потребно, се организира увид и се бара дополнителна документација.
